ВИТАМИНИ ВО КОЗМЕТИКАТА
Доколку сакате на вашата кожа да и подарите неверојатен сјај, ставете се на витаминско мени!
Витаминската нега на кожата е наменета за секоја возраст, но мора да биде приспособена на типот на кожата. За да ги постигнете саканите резултати, употребата на витаминските препарати мора да биде долготрајна и константна.

Витамин А – Ги брише брчките
Овој витамин во козметиката уште се нарекува и бришач на брчки, затоа што многу ефикасно ги отстранува. Има регенеративна и освежувачка моќ. Одговорот на прашањето дали ви е потребен, ќе го добиете ако направите мал тест. Нанесете на лицето течна пудра. Ако брчките ви станат уште повидливи, тогаш што поскоро купете крема со витамин А.
Витамин Б – Ја зајакнува косата
Ако вашата коса не е повеќе сјајна, здрава и јака, тоа значи дека имате недостаток на витамин Б. Негова специјалност е заздравување на оштетена коса, која има тенденција на опаѓање и долготрајна заштита на чувствителна коса од надворешните влијанија. Пролетта, всушност, е идеално време за третман на косата со шампони и маски кои содржат витамин Б5 и растителни екстракти.
Витамин Ц – Дава сјај
Благодарение на иновациите во козметиката, препаратите со витамини Ц стана вистински третман за заздравување на кожата. Неговиот ефект е видлив : сјајна и прекрасна кожа. Тој ги штити клетките на кожата од слободните радикали, кои предизвикуваат прерано стареење на колагенот, на протеините кои се одговорни за затегнатоста и еластичноста. Покрај тоа, витаминот Ц превентивно влијае кај лица подложни на појава на темни дамки.
Витамин Д – Одбрана од надворешни влијанија
Американците го викаат Јуцинг – суперовошје за добра форма. Впрочем витаминот Е чудотворно брзо ја освежува и ја подмладува кожата. Неопходен е во зимскиот и летниот период, кога надворешната агресија е најизразена.
Витамин Ф – Најдобар заштитник
Концентрацијата на смог во воздухот не само што и штети на кожата на лицето, туку создава проблеми и на кожата на телото. Смогот го оневозможува дишењето на кожата, која на тој начин го губи тонусот. За да и помогнете, користете млеко со витамин Ф. Неговото влијание нема да биде видливо за кусо време, како и кога употребувате витамини Е и Ц, но на крајот , секако, ќе даде резултати. Негова задача е кожата на телото да ја штити од се :
Стрес, промени на температура, општо опаѓање на имунитетот.

Recent Comments