Надградба на коса

Секоја жена посакува совршена коса. Надградбата на коса го постигнува ефектот којшто отсекогаш сте сакале да го постигнете со вашата коса: кратката да биде долга, ретката да биде густа. Косата што ние ја користиме за надградба на вашата е најквалитетна коса, мека како свила и лесна за одржување.

Можностите што ние ви ги нудиме се многубројни. Надградбата на коса може да значи вметнување на помали или поголеми прамени коса, на посветли или потемни, при што се постигнува ефект на шатирана коса. Надградбата може да биде долготрајна (да трае до една година) или да ја направите само за една пригода.

Најзастапена техника на надградба е надградба со употреба на каротински капсули, кои со специјален апарат се лепат до коренот на тенко праменче од вашата коса. Прамените коишто ги надградуваме, по ваша желба можат да бидат природни или вештачки и во различни бои и форми.

Други третмани за Коса
Надградба на коса
Секоја жена посакува совршена коса. Надградбата на коса го постигнува ефектот којшто отсекогаш сте сакале да го постигнете со вашата коса: кратката да биде долга, ретката да биде густа. Косата што ние ја користиме за надградба на вашата е најквалитетна коса, мека како свила и лесна за одржување. Можностите што...
Бојадисување и третмани за коса
За здрава и квалитетна коса, пред сè е потребна правилна исхрана богата со цинк и витамин Б. Ако сакате да имате здрава и убава коса, треба соодветно да ја негувате. Под негување се подразбира косата редовно да се скратува од 1 до 2 цм., да се освежува со маски кои...
Бразилски третман
Бразилски третман