Електроцелулитната масажа

Електроцелулитната масажа зазема значајно место во терапиите за справување со целулитот и вишокот килограми.

Оваа масажа се применува на тој начин што електродите на апаратот се нанесуваат на мускулите и дејствуваат директно на периферните моторни нервни влакна. На тој начин мускулите се активираат, а во погон се ставаат и пасивните мускулни компоненти.

Со електроцелулитната масажа се стимулира поголема мускулна маса отколку што би се постигнало со нормално физичко вежбање. Мускулот добива „наредба“ за работа, но не и енергија. Енергијата што мускулот ја користи се добива од резервата гликоген и слободните масни киселини во самиот мускул. На тој начин, со електромасажата се трошат мастите токму од оние делови од кои е потребно.

Други третмани за Тело
Вселенски брод
Третманите во нашиот најнов апарат - вселенски брод можат да се програмираат во зависност од вашите потреби. Вселенскиот брод помага во елиминацијата на водената болест (хидроксија) и во отстранувањето на целулитот од места како: стомакот, задникот, бутовите. За таа цел се користат акупунктурните точки на sanyinjiao и yinlingquan. Третманот има...
LPG третман
LPG е најнов медицински метод кој се практикува не само за естетски, туку и за физиотерапевтски потреби. Станува збор за ефикасен, долготраен, уникатен и медицински проверен метод за отстранување целулит. LPG е светски лидер во областа на третманите на ткивата. Тој е откриен во 1986 година и е прв метод...
CACI Quantum
CACI Quantum е најнапредниот и најпрестижниот систем за третман на лице и тело, кој ќе ви овозможи двоен бенефит: од една страна нехируршки лифтинг на лице, а од друга целосно тонирање на телото. CACI Quantum ги обновува и ги редефинира фацијалните мускули, редуцирајќи ги нерамнините и брчките додека симултано ги...
Масажа со ароматични масла
Постои комплетна техника која е насочена кон воспоставување емотивна рамнотежа и внатрешно задоволство, а соодветно на тоа и на изнаоѓање хармонија на телото и убавината. Станува збор за емоционална масажа - посебен вид третман за моделирање на телото со точно одмерени зафати. Новината на таа масажа се токму ароматичните масла...